Претставници на САД и Саудиска Арабија одржале консултации за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на можно влошување на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

Координаторот на Советот за безбедност на Белата куќа за Блискиот Исток и Cеверна Африка Брет Мекгурк и високиот советник на американскиот Стејт департмент за енергетска безбедност Амос Хукштајн во Саудиска Арабија „разговарале за заеднички пристап за одговор на потенцијален притисок на пазарот во случај на евентуална руска инвазија на Украина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.