САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили – порача Кирби.

Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.