Австриското обвинителството за економски криминал и корупција покрена истрага против претседателот на парламентот, Волфганг Соботка.

Како што пишува весникот „Ое24“, Обвинителството од 29 март го води Соботка како осомничен, а против него е поднесена пријава за злоупотреба на службената положба.

Станува збор за партиско назначување заменик-директор на покраинската полиција во времето кога Соботка се уште беше министер за внатрешни работи на Австрија.

Така, во 2017 година наместо кандидатот на Социјалдемократската партија (СПО) беше именуван кандидат близок до Народната партија на Австрија (ОВП).

Во фокусот на истрагата е порака од чет што Соботка му ја испратил на тогашниот началник на неговиот кабинет Мајкл Клоибмилер, кој исто така е осомничен во овој случај.

За Соботка овој случај може да биде прилично непријатен, бидејќи во 2017 година се уште беше министер за внатрешни работи и нема да биде „заштитен“ со пратеничкиот имунитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.