Според податоците на руската армија, руските сили бележат голем напредок во Донбас и ја презеле контролата врз три града во регионот и во близина на градот Доњецк, вклучувајќи го и Свитлодарск, пренесува „Гардијан“.

Како што информираат од руската армија, најисточниот дел од џебот на Донбас што го држат Украинците, градот Сиеродонецк на источниот брег на реката Сиверски Донец и неговиот близнак Лисичанск, на западниот брег, станале клучно бојно поле.

Руските сили напредувале од три правци за да ги опколат.

Непријателот ги насочи своите напори на извршување на офанзивата со цел да ги опколи Лисичанск и Сиеродонецк – изјави Сергеј Гаидаи, гувернер на украинската провинција Луганск, каде што овие два града се меѓу последните територии што ги држи Украина.

Украинската војска соопшти дека во вторникот одбила девет руски напади во Донбас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.