Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученици во основното училиште Роб во Јувалде, Тексас.

Ева Миралес, наставничка во училиштето, беше првата идентификувана жртва на масакрот. Според Њујорк Тајмс, таа предавала 4-то одделение и работела во училиштето 17 години.

Бесен сум што ова не запира, овие деца се невини, оружјето не треба да биде достапно за секого. Ова е мал град, мој роден град, тешко ми е да замислам сето ова да се случи. Сè што можеме да направиме е многу да се молиме за нашата земја, државата, училиштата, а особено за семејствата на сите жртви, напиша тетката на убиената Ева Морелес во изјава за медиумите.

Според Њујорк Тајмс, таа била убиена додека се обидувала да ги заштити децата од убиецот кој отворил оган во основно училиште.

На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мажена за полицаец и зад себе оставила ќерка.

Нејзиниот сопруг Рубен Руиз, поранешен детектив и член на тимот специјалци СВАТ, кој моментално служи како полицаец во таа училишна област, одржувал редовни вежби во случај на пукање во училиштето, а последната таква вежба била одржана кон крајот на март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.