Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска потврди дека руската армија во Украина заробила Хрват кој заедно со уште неколку платеници се обидувал да побегне од Мариупол.

Министерството за надворешни и европски работи има информации за заробениот хрватски државјанин и продолжува да работи на разрешување на случајот во соработка со украинските власти. Поради чувствителноста на ситуацијата, во овој момент не можеме да откриеме подетални информации – информирале од Министерството за „Вечерњи лист“.

Во интервју за руската телевизија РТ, заробениот Хрват открива дека се приклучил на украинската војска во 2020 година за да добие државјанство.

Според него, одлуката да добие државјанство со служење војска била лоша идеја.

Тој вели дека Русите добро се однесуваат со него – пишува „Вечерњи лист“.

 

Телевизијата ги објави зборовите на Хрватот дека бил фатен кога се обидел да побегне од Мариупол.

Отидовме 260 километри, се криевме и патувавме само ноќе, обидувајќи се да избегнеме каков било контакт – вели тој, додавајќи дека планот не успеал кога налетале на руска единица и се предале.

 

На социјалните мрежи се објавени информации дека станува збор за хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег, додека „Вечерњи лист“ ги наведува само неговите иницијали В. П.

Женевската конвенција не важи за „кучињата на војната“, односно странските платеници, нешто што и Русите ги споменуваа на почетокот на воената операција во Украина.

Пред неколку дена, руското воено обвинителство, заедно со обвинителството на ДНР, најавија дека за странските борци ќе бараат смртна казна или најмалку 15 години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.