Руските сили уништиле баталјон на украинската војска кој бил опремен со македонски и словенечки тенкови. Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криви рог.

Агенцијата РИА Новости на социјалните мрежи објави видео од запалени тенкови кои пристигнале во украинската армија од Македонија и Словенија заедно со тенкови Т-72 на НАТО.

На видеото се гледаат и запалени единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ.

Словенија и подари на Украина 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.

Словенија и Германија на овој начин ја поддржуваат Украина – изјави тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор. Сепак, медиумите тогаш објавија дека се работи за тенкови од трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, овие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.