На редовниот брифинг на руското Министерство за одбрана, официјалниот претставник генерал мајор Игор Конашенков, даде осврт на случувањата во Украина во изминатите 24 часа.

Единиците на руските вооружени сили, продолжувајќи ја офанзивата, ја презедоа контролата над Золотај Нива, ја преминаа реката Кашлагач и зазедоа поволна позиција. Напредокот беше шест километри.

 

Уништени се до 60 украински националисти, два тенка, четири пешадиски борбени возила и девет возила со различни намени.

 

Единиците на Луганската народна република по завршувањето на чистењето на Житловка напреднаа пет километри и се борат со националистите на периферијата на Кремена.

 

Вечерта на 30 март, високопрецизни крстосувачки ракети од воздух уништија големи складишта со гориво во Дњепропетровск, Лисичанск, Чугујево и Новомосковск, кои ја снабдуваа со гориво украинската воена група во Донбас – информира Конашенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.