Дејвид Арахамија, шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, позитивно ја оценува улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите, во прво време како „неофицијален канал за комуникација“.

Всушност, да бидам искрен, улогата што ја игра е многу позитивна. Но, не разбирам зошто почна да игра јавна улога. Во почетокот тој беше дополнителен канал во комуникациите, неофицијален канал што помага да се зборуваат сложени работи на нормален човечки, а не на дипломатски јазик, изјави украинскиот преговарач.

Тој повеќе не се ни крие, тој е веќе дел од лицата вклучени во преговорите – рече тој.

Арахамија смета дека Абрамович се обидува да се позиционира како неутрална страна во преговарачкиот процес.

Иако не го доживуваме како неутрална страна, сепак можеме да кажеме дека тоа е понеутрална од официјалната страна на преговорите, додаде шефот на украинската делегација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.