Неименуван американски воен функционер, запознаен со последните разузнавачки информации, проценува дека во досегашниот тек од воената акција во Украина, руските сили загубиле помеѓу осум и десет отсто од воените средства употребени во операција, објави „Си-Ен-Ен“.

Во загубената опрема спаѓаат тенкови, авиони, артилерија и други воени средства. Ова е речиси двојно од она што беше објавено минатата недела, кога имаше проценки дека Русите загубиле меѓу три и пет проценти од средствата.

Според американските проценки, Украина загубила приближно ист процент од сопствените воени средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.