На интернет се појави видео од руски ракетен напад на стратешкиот мост во близина на Одеса, кој е дел од рутата за снабдување со оружје на НАТО за Украина. На објавеното видео се гледа моментот на еден од нападите врз мостот во Заливот на Одеса.

Западните воени аналитичари проценуваат дека Одеса е веројатно една од следните стратешки цели на руските копнени и поморски сили, со оглед на тоа што е единственото и најголемо пристаниште што останува под контрола на официјален Киев.

Ако руските сили ја освојат Одеса, Русија практично ќе го контролира целото крајбрежје на Украина и целосно ќе му го прекине пристапот до Црното Море, откако тоа веќе се случи со брегот на Азовското Море, каде што Украина веќе нема никаков пристап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.