Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.