Романскиот Врховен совет за одбрана денеска соопшти дека Букурешт планира да купи американски борбени авиони Ф-35. Но, не е прецизира колку авиони ќе бидат купени, ниту кога ќе бидат набавени.

– Поседувањето на робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефективни оперативни способности за воздушна одбрана, во рамките на нашите обврски како земја-членка на НАТО и на ЕУ, е клучно за постигнување на целите на одбранбената политика на Романија. Процесот на модернизација на воздухопловните сили ќе продолжи преку набавка на авиони Ф-35, соопшти Врховниот совет за одбрана.

Минатата година романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека земјата размислува да го купи авионот Ф-35, кој го произведува американскиот производител на оружје „Локхид Мартин“, а минатиот месец беше најавено дека ќе ги купи и тенковите Абрамс произведени од „Џенерал Динамикс“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.