Руските сили денеска извршија нови напади врз украински градови додека продолжува гласањето на „референдумите“ организирани од Русија во украинските области под нејзина контрола за да го отвори патот за нивна анексија кон Москва.
Гувернерот на Запорожје, Олександр Старук изјави дека Русите извршиле напади врз инфраструктурни објекти во градот Дњепропетровск, дека била погодена станбена зграда и едно лице загинало, а неколку други се повредени.
Руските сили погодиле и други области во Украина каде биле оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија е насочена кон браната Печенихи на реката Северски Доњец во североисточна Украина, по претходните напади на браната во близина на градот Кривји Рих, кои предизвикаа поплави на реката Инхулец.
Британците соопштија дека Украинците напредуваат низводно и оти Русите најверојатно се обидувале да ги погодат браните за да ги поплават местата каде што поминувала украинската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.