ЕУ мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин дека може да употреби нуклеарно оружје во конфликтот во Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Борел во интервју за Би-Би-Си изјави дека војната достигнала „опасна точка“.

Тој го изјави ова во време кога Русија започнува делумна мобилизација и се подготвува да присоедини четири украински региони каде што се одржуваат референдуми за приклучување кон Русија.

Секако, ова е опасен момент бидејќи руската армија е притисната во ќош, а реакцијата на Путин – заканата за употреба на нуклеарно оружје – е многу лоша“, рече Борел.

Во обраќањето до нацијата претходно оваа недела, Путин рече дека неговата земја има „различно разорно оружје“ и оти „ќе ги искористи сите расположливи средства што и се на располагање“, додавајќи дека „тоа не е блеф“.

Кога луѓето велат дека тоа не е блеф, мора да ги сфатите сериозно, рече Борел.

Борел ја отфрли загриженоста дека резервите на оружје на ЕУ се ниски и рече дека Унијата мора да продолжи да обезбедува воена помош за Украина, како и да применува економски санкции против Путин и неговите сојузници и да продолжи со дипломатска активност.

Путин се соочува со порази на бојното поле, а руските сили се потиснати во украинската контраофанзива, потсетува Бета.

Силите на Путин се во лоша позиција, се согласуваат аналитичарите, но Борел рече дека мора да се постигне „дипломатско решение“ кое ќе ги зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во спротивно, би можеле да ја завршиме војната, но нема да имаме мир и ќе имаме уште една војна, рече Борел.

Тој призна дека порастот на цените на енергијата предизвикан од конфликтот е загрижувачки.

Високиот претставник на ЕУ го повика Путин да ја одигра својата улога во постигнувањето на решение преку преговори, додавајќи дека „за танго се потребни двајца“.

Сите што отидоа во Москва во Кремљ за да разговараат со Путин се вратија со истиот одговор: „Јас (Путин) имам воени цели и ако не ги добијам тие воени цели, ќе продолжам да се борам. Тоа секако е загрижувачка насока, но ние мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина, рече Борел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.