Германското Сојузно биро за борба против криминал (Bundeskriminalamt – BKA) предвидува дека инфлацијата и растот на цените на енергенсите може негативно да се одрази на внатрешната безбедност во земјата и да предизвика слични протести како во текот на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат во саботата германските медиуми.

„Можеме да очекуваме слична ситуација како и во текот на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога еден значителен дел од населението се почувствува поради политичките одлуки“, се истакнува во процената на BKA која ја цитира дневниот весник Tagesspiegel.

Според истиот извештај, и екстремно исламистичките групации би можеле постојната кризна ситуација да ја искористат за сопствено дејствување.

„Регистрираме повици за напади врз економската инфраструктура“, стои во документот на BKA.

Се наведува, исто така, дека еден од челниците на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава, ги повикал следбениците во Европа да ги искористат војната меѓу Русија и Украина и „нестабилната политичка ситуација во Европа“.

Во документот на BKA, осен ширењето на безредија поттикнати од страна на десните екстремисти и исламистите, се очекуваат и насилни акции од крајно левичарските групации.

„Очекуваме протести и кривични дела како и минатите години, но и блокади на објектите на енергетската инфраструктура“, се додава уште во извештајот.

Во тој контекст, пред неколку дена група климатски активисти половина ден ја блокираше работата на една термоцентрала на јаглен, на истокот на Германија.

Во документот на BKA се очекува и дека десните екстремистички групации би можеле да изведат и нападите врз политичари, како што беа забележани такви инциденти во текот на пандемијата на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.