Од почетокот на војната во Украина, приходите на Русија од извозот на фосилни горива се проценети на 63 милијарди евра, пренесува агенцијата Анадолија.

Земјите-членки на Европската унија, Кина и други земји и платиле на Русија околу 63 милијарди евра за фосилни горива за повеќе од два месеци, покажуваат новите податоци на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA).

Според деталниот мониторинг на испораките на руска нафта, гас и јаглен, комбинацијата на континуиран увоз на нафта и гас и високите цени на горивото резултираа со тоа што руските приходи се значително повисоки од претходните години.

Германија со сума од 9,1 милијарди долари е најголемиот купувач на руска нафта и гас во првите два месеци од почетокот на војната во Украина, додека Италија платила 6,9 милијарди евра.

Кина увезла енергенси за вкупно 6,7 милијарди евра, а потоа следуваат Холандија со 5,6 милијарди, Турција со 4,1 милијарда евра и Франција со 3,8 милијарди евра.

Европската Унија учествува со 71 отсто од вкупниот приход на Русија од нафта, гас и јаглен, плаќајќи околу 44 милијарди евра за овие извори на енергија од почетокот на војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.