Американскиот државјанин, 22-годишниот Вили Џозеф Кансел, загинал во војната во Украина, објави „Си-Ен-Ен“. Американецот се борел на страната на Украина. Тој работел во приватна воена компанија и заминал во Украина како дел од својата работа.

Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за „Си-Ен-Ен“ мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Тој почнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина.

Кога почна војната, компанијата бараше луѓе да одат во Украина и тој се согласи. Тој сакаше да да ја задржи војната таму за да не дојде овде и нашите американски војници да не мора да бидат вклучени во таа војна – вели Кабрера за „Си-Ен-Ен“.

Таа додава дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март и дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за смрт.

Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, но било премногу опасно. Сè уште би сакале тој да дојде во нашата куќа – вели мајката.

Пентагон одбил да коментира, велејќи дека само да ја следи ситуацијата.

Зад загинатиот Американец од Тенеси остануваат жена и 7-месечно бебе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.