Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути.
– За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади граѓани, без да чекаат повици, изразија желба да ја исполнат својата должност и беа испратени во трупите како волонтери, рече Шојгу.
Според рускиот министер, по обуката, 82.000 регрути веќе се испратени во активните сили, а нивната просечна возраст е 35 години, изјави Шојгу.
На 21 септември Путин најави делумна мобилизација заради продолжување на, како што ја нарекува инвазијата, „ специјалната воена операција“ во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.