Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до раните утрински часови во понеделник да даде одговор за предавањето на Мариупол, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез од градот за украинските војници и странските платеници, без оружје, а во тој случај загарантирано е спасување на животи, па потоа ќе се отворат и хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, пишува РИА Новости.

Претставниците на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст се поканети да ја набљудуваат хуманитарната операција на теренот, се додава во извештајот.

Според бројни експерти, Мариупол стратешки е многу важен град за Русија, бидејќи со неговото заземање би се поврзала претходно освоената територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.