Русија одбила како набљудувач да присуствува на претстојната воена вежба на НАТО во Норвешка, на која ќе учествуваат околу 30.000 војници од 27 држави.
Норвешка од 13 март треба да биде домаќин на вежбата „Ладен одговор“ (Cold Response), која е планирана со месеци и има за цел обука за случај на напад во студени временски услови. Русија беше поканета да присуствува на вежбата како набљудувач.
Оружените сили на Норвешка во изјава за Асошиејтед прес, изјавија дека „сакаат да бидат отворени и транспарентни во врска со оваа вежба за да не би имало недоразбирања“.
Вежбата е од одбранбена природа, при што ќе се вежба со нашите сојузници и партнерски земји. Со напнатоста во Европа, важно е да вежбаме за да можеме да се одбраниме – се наведува во соопштението.
Во него се додава дека Норвежаните повеќе би сакале Русија да испрати набљудувачи, но дека ја почитуваат нивната одлука.
Норвешка има копнена граница со Русија од речиси 200 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.