Русија предупреди дека ќе изврши „разорувачки одмазднички напад“ доколку Украина, со поддршка на Западот, го нападне Крим или Кримскиот мост што го поврзува полуостровот на Црното Море со јужниот дел на Русија, кој Киев веќе двапати се обиде да го урне.
Официјална Москва соопшти дека верува оти Украина, која неодамна од САД доби системи за наведувачки ракети со долг дострел АТАКМС, планира да го нападне мостот на 9 мај или пред денот кога Русија ќе ја одбележи победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Крим стана дел од Русија во 2014 година. Официјален Киев претходно соопшти дека ја смета за нелегална изградбата на патно-железничкиот мост од Русија до Крим и вели дека сака да го врати Крим.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги наведе изјавите и објавите на официјални претставници на Украина и на Европската Унија на социјалните мрежи, кои најавуваат дека мостот е на нишан на украинските сили.
Подготовките да се нападне сега се спроведуваат отворено, со наметлива храброст и апсолутна директна и бесрамна поддршка на колективниот Запад. Би сакала да ги предупредам Вашингтон и Брисел дека секоја агресивна акција против Крим не е само осудена на пропаст, туку ќе наиде на разорен одмазднички напад, рече таа.
Захарова истакна дека британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон изјави дека Украина има право да користи оружје што и го праќа Велика Британија за да гаѓа цели во Русија, што го нарече доказ дека Западот води хибридна војна против Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.