Русија минатата година остварила рекордна заработка од извоз на земјоделски производи. Министерот за земјоделство, Дмитриј Патрушев, цитирајќи прелиминарни проценки, соопшти дека прекуграничната продажба на земјоделски стоки на Русија и донела повеќе од 45 милијарди долари во 2023 година.

Патрушев истакна дека бројката веројатно ќе биде и поголема откако ќе се направат конечните пресметки.

Показателите за производство ѝ дозволија на Русија да го потврди својот статус на нето извозник на земјоделски производи“, изјави Патрушев, говорејќи на министерски состанок

Министерот истакна дека жетвата на жито во Русија минатата година изнесувала 147 милиони тони, што е само помалку од рекордот од 157 милиони постигнат во 2022 година. Производството на млеко се зголемило за 500.000 тони, а производството на месо се зголемило за 300.000 тони.

Производството на риба е највисоко во последните 30 години, со 5,3 милиони тони. Производството на лосос е особено високо, над 600.000 тони, што ја прави Русија најголем производител на лосос во светот, според министерот.

Министерството за земјоделство, претходно процени дека руското жито за извоз оваа вегетативна сезона изнесува вкупно 60 милиони тони. Земјата е најголемиот светски извозник на жито во последниве години, благодарение на жетвата и привлечните цени, и покрај западните санкции кои ја попречија надворешната трговија на земјата.

Русија, исто така, доставува бесплатно жито на голем број африкански земји кои се соочуваат со несигурност во храната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.