Кремљ изрази поддршка за Кина во тензиите со официјален Вашингтон во врска со Тајван, предупредувајќи ги САД да не преземаат „никакви провокативни потези“ кои би можеле да ја влошат ситуацијата.
Еден ден откако кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека другите земји не треба да се мешаат во односите на Пекинг со Тајван, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Русија цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.
Веруваме дека ниту една друга земја нема право да го доведува во прашање суверенитетот на Кина над Тајван или да преземе какви било провокативни чекори – порача Песков.
Тој ги предупреди САД да не преземаат „деструктивни“ потези, наведувајќи дека „таквото однесување на меѓународната сцена може само да ги влоши тензиите бидејќи светот е веќе полн со регионални и глобални проблеми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.