Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по состанокот на Советот на министри на Шангајската организација за соработка (ШСО) пред новинарите порача дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон околу неговата загриженост за проширувањето на врските меѓу африканските земји и Русија се навредливи.

Во врска со претседателот Макрон и неговите изјави, навистина, генерално, се очекуваа поетички изјави од Французите. Затоа што тој рече, ако добро се сеќавам, нешто како следново: дека е загрижен за воената и дипломатската активност на Русија во Африка и дека тоа не е ни соработка, туку поддршка за апсолутно пропаднати, нелегитимни режими и хунти – изјави Лавров.

Според него, доста е навредливо за африканските земји кои продолжуваат, и покрај се, доследно да ги развиваат односите со Руската Федерација.

Макрон претходно изрази загриженост поради зголемените дипломатски и воени контакти меѓу Русија и Африка и негодуваше на ширењето на наводни лажни информации и руски наративи во Африка од луѓе што одби да ги нарече новинари, наведувајќи го отворањето на нови бироа од руската новинска агенција Спутник и РТ телевизија во Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.