Руските власти на Крим го ставија на аукција претходно национализираниот стан на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во Јалта, проценувајќи го на 24,6 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра). Известувањето е објавено на руската веб-страница „ГИС Торги“, пренесува Укринформ, повикувајќи се на руските медиуми.

„Предмет на лицитацијата е имотот лоциран на адреса Крим, Јалта, општина Ливадија, улица Батурина, зграда 44 А, стан 501, со вкупна почетна минимална вредност од 24.642.490 рубљи“, се наведува во соопштението.

Пријавите за наддавање се затвораат на 26 октомври, а самата аукција ќе се одржи на 30 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.