Во текот на изминатите 24 часа, украинските сили неуспешно се обидоа да почнат офанзива на три различни фронта во областа на јужен Доњецк, регионот Запорожје и регионот Доњецк, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека украинските сили претрпеле големи загуби на луѓе и опрема. Биле погодени и украински магацини за оружје.
Руското министерство соопшти дека за време на ноќните напади со употреба на високопрецизно оружје со долг дострел од море и воздух, биле уништени групации од резервните сили и странски платеници.
Според официјален претставник на руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Украина, од 4 јуни досега, претрпеле загуби од најмалку 7.500 убиени и повредени во обиди за напади на фронтовите во јужен Доњецк, Запорожје и Доњецк.
Во меѓувреме, Украина соопшти за напредок во нејзината контраофанзива против руските сили во „исклучително жестоки“ борби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.