Русија има намера да иницира нов состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, најави првиот заменик постојан претставник на Русија во Светската организација, Дмитриј Пољански.
Дефинитивно ќе свикаме нов состанок на Советот за безбедност. Како што покажа практиката, никој освен нас не се осмелува да го направи тоа, изјави Пољански за ТВ каналот „Соловјев“.
Според него, 10. вонредна специјална седница на Генералното собрание на ОН за палестинско-израелскиот конфликт треба да продолжи следната недела бидејќи има колективен апел од арапските и исламските земји да продолжи седницата.
Многу е важно секоја држава да може да го искаже својот став, рече Пољански.
Во средата, САД ставија вето на усвојувањето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за палестинско-израелскиот конфликт предложена од Бразил.
Русија беше воздржана затоа што СБ ги отфрли руските амандмани на бразилскиот документ.
За време на гласањето воздржана беше и Велика Британија, а за усвојување на резолуцијата гласаа останатите 12 членки на Советот за безбедност на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.