Родителите, братот и роднините на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски сè уште живеат во Русија, а неговиот татко е пензиониран полковник на вооружените сили на Русија.
Родум од Владимирската област, новоименуваниот врховен командант на украинските вооружени сили на Украина сè уште е блкиску поврзан со Русија не само по местото на раѓање, туку неговите најблиски роднини, вклучително и неговата мајка, татко и брат, продолжуваат да живее таму.
Таткото на Сирски, Станислав, е пензиониран полковник на руската армија, кој заедно со мајката на Сирси, Људмила, живеат со братот на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олег, кој работи како обезбедување.
Пред почетокот на војната, родителите на Сирски биле активни на социјалните мрежи, каде што често објавувале патриотски објави – видео од присуство на марш на почесната руска единица „Бесмртниот полк“ во 2019 година, каде што семејството носат ленти на Свети Ѓорги, забранети во Украина.
Не е познато дали новиот врховен командант на вооружените сили на Украина сега комуницира со семејството, но агенцијата ТАСС разговарала со братот на Сирски, Олег, кој вели дека долги години не комуницирал со својот брат.
Не комуницирам со него, не знам ни каде е. Не знам ништо за него. Помина долго, долго време откако замина таму (во Украина). Таму е цел живот, таму ја почна својата служба и ја продолжува, таму има семејство“, вели Олег.
Судејќи според социјалните мрежи, братот на новиот украински врховен командант, ги поддржува вооружените сили на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.