Во Украина пристигна нова пратка оружје од Велика Британија, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Во Украина пристигнаа ракетни фрлачи М270, појасни тој.

Резников на Твитер им се заблагодари на британскиот министер за одбрана, Бен Волас, како и на британските граѓани за претходно ветената донација.

Вашата поддршка е многу важна за Украина. Нашата војска вешто ќе ја користи оваа „замена“ на бојното поле, додаде министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.