Ресторан во Тексас трајно му го забранил доаѓањето на гостин кој оставил расистичка порака до келнерот на фисдкална сметка на која напишал „не даваме бакшиш на терористи“, пренесува „Индипендент“.

Своето лошо искуство келнерот го објавил на Фејсбук, каде што објавил дека „му се слошило“ кога се вратил на масата за сервирање и ја видел пораката на сметката.

Не знаев што да мислам и што да кажам, само ми се слоши. Ја споделувам оваа порака јавно затоа што сакам луѓето да разберат дека овој расизам и омраза сè уште постои – пишува келнерот.

Тој како доказ за слученото објавил фотографија како доказ дека гостите не оставиле бакшиш за сметката од 108,73 долари и дека намерно го заокружиле неговото име (Халил).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.