Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки свика итна средба на националниот совет за безбедност и одбрана по извештаите за смртоносен ракетен напад во близина на полската граница со Украина.

Полската војска испратила авиони ловци по објавувањето на информацијата дека две лица се убиени во експлозија наводно предизвикана од ракетен напад. На местото на експлозијата има војници и истражители, јавува Раша тудеј повикувајќи се на Вишеград 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.