Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека земјата нема да и дава оружје на Украина, бидејќи не сака „со бугарско оружје да бидат убивани Бугари“.

Во Украина живеат десетици илјади етнички Бугари, дел од кои се регрути во воениот конфликт, а може да се соочат и со напади од руска страна доколку Бугарија стане активен учесник во конфликтот.

Бугарија има голема воена индустрија – пред се во фабриката „Арсенал“, а има и огромни резерви на артилериски гранати и друга муниција, кои во изминативе недели по се изгледа индиректно се пренесуваат во Украина, преку наводен извоз во трети земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.