Рускиот претседател, Владимир Путин, порача дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но дека официјален Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите.

Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – ние не одбиваме да преговараме, туку тие. Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. Едноставно, немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани, истакна Путин во интервју за руската државна телевизија.

Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидите да ја „распарчи“ Русија.

Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија. Тие отсекогаш се обидувале да поделуваат и освојуваат… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“, изјави Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.