Рекордните снежни врнежи во многу делови на Јапонија предизвикаа смрт на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.

Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите.

Божиќниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица биле повредени. Во еден момент на северот од земјата поради обилните врнежи од снег без струја останаа околу 20.000 домаќинства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.