Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета врз цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите за експлозии во базата.

Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот“, изјави Бусаргин.

Новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“, цитирајќи локални жители, објави дека биле активирани сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија.

На 5 декември, Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, била цел на напади со украински беспилотни летала.

Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија.

Украинската агенција „Укринформ“, која јави за експлозии во базата Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. „Укринформ“ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.