Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оружјето од Украина најверојатно пристигнало на Блискиот Исток преку црниот пазар.
„Се сомневам дека Украина директно испорачувала оружје, но не се сомневам дека има истекување оружје од Украина. Нивото на корупција во Украина е исклучително високо. Се создава црн пазар, а има многу кои сакаат да купат оружје и има многу во Украина кои сакаат, тие го продаваат“, рече Путин на прес-конференција по самитот на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Киргистан.
Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, Путин рече дека нападот врз Израел е без преседан не само во однос на обемот, туку и во однос на суровоста. Но, како што рече, имајќи предвид дека Израел има право на гаранции и безбедност, има и целото население во Појасот Газа и оцени дека е неприфатливо да се изврши нешто како „блокадата на Ленинград“.
Путин исто така рече дека не сите граѓани на Појасот Газа го поддржуваат Хамас и дека цивилните жртви се неприфатливи.
„Треба да размислуваме за цивилното население, зошто сите да страдаат, вклучително и жените и децата. Многу наши сонародници живеат во Израел, тоа не можеме да го заборавиме, а имаме и добри односи со арапскиот свет“, рече Путин.
Putin speaks out against Gaza blockade and Israeli airstrikes:
“Casualties among civilians will be absolutely unacceptable. The Israeli siege of the Gaza Strip is unacceptable and is like the Nazi siege of Leningrad.”
pic.twitter.com/AkMbmbaXnJ— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) October 13, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.