Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас, обвинувајќи ги САД за неуспехот да се најде решение.
Според некои светски агенции, Путин рекол дека конфликтот не може да се реши без решавање на прашања како што е формирањето на палестинска држава.
Тој денеска ги обвини САД дека го заобиколуваат воспоставениот процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и оти се обидуваат да ги преземат работите во свои раце без да се занимаваат со основните прашања.
Дел од земјите кои Палестинците ги сметаат и отсекогаш ги сметале за дел од изворните палестински земји биле окупирани од Израел во различни времиња и на различни начини. Најчесто, се разбира, со помош на воена сила, рекол Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.