Украинските претставници се обидуваат да ги одолговлечат преговорите со Русија, изнесувајќи сѐ понереални предлози, но руската страна е подготвена да продолжи со „потрагата по решенија“ во согласност со нејзиниот принципиелен пристап, рекол рускиот претседател Владимир Путин во четвртикот во текот на телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Како што известува Кремљ, Путин, исто така, во текот на видео-врската ги изложил своите оцени за текот на преговорите меѓу руската и украинската делегација.

Беше истакнато дека режимот во Киев на секој можен начин се обидува да го одолговлекува преговарачкиот процес, изнесувајќи нови сѐ понереални предлози. Сепак, руската страна е подготвена да ја продолжи потрагата по решенијата во согласност со нејзините добро познати принципи“, се наведува во соопштението на Кремљ за разговорот меѓу Путин и Шолц.

Рускиот претседател притоа му го свртел вниманието на германскиот канцелар на “ракетните напади од страна на украинските безбедносни сили врз цивилни цели во источните проруски градови Донецк и Макеевка кои предизвикуваат големи човечки жртви“.

Овие воени злосторства остануваат игнорирани од страна на Западот, се додава во соопштението во кое се наведува дека разговорот се одвивал по иницијатива на Шолц.

Разговорот меѓу Путин и Шолц се одржа само неколку часа откако во четвртокот вечерта на собир на неговите социјадемократи изјави дека не смее рускиот претседател да се постоиветува со Русија и рускиот народ. Притоа, Шолц ги откри и западните планови во иднина додавајќи дека „таа поинаква Русија е основа на германско-руските односи во иднина“.

Претходно во четвртокот западни функционери дека Украина и Русија сериозно ги сфаќаат мировните преговори, но дека меѓу двете страни останува голем јаз.

Портпарокот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека разговорот на Путин со Шолц бил остар но деловен, рече на редовниот брифинг за новинарите дека во текот на конференциските преговори дека руската делагација „покажува подготвеност да работи многу побрзо отколку што се работи сега“.

За жал, украинската делегација не е подготвена да го забрза темпото на преговорите. Меѓутоа, (преговарачкиот) процес сепак продолжува, рече Песков.

Русија претходно соопшти дека е близу договор за формулата според која Украина би останале воено-блоковски неутрална земја, што е едно од клучните барања на Москва.

Украина, пак, соопшти дека се подготвена да преговара но дека нема „да се предаде ниту да ги прифати руските ултиматуми“. Киев останува на својот став да го задржи суверенитетот над областите кои се отцепуја по превратот на власта во 2014 година, што е тешко замисливо во овој момент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.