Компанијата „Гаспром“ изврши увид на местото каде што се случи експлозијата во која беа оштетени цевките на гасоводот „Северен тек“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Добив извештај од (директорот на Газпром, Алексеј) Мулер дека го испитале местото. На Гаспром, инаку, му е дозволено да ги испита местата на експлозијата“, рече Путин во понеделникот вечерта.

Тој додаде дека се пронајдени два кратери – еден длабок три метри и еден длабок пет метри.

Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот.

Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ беа извршени на 26 септември.

Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. РИА потсетува Вести.

Москва тврди дека тие го режирале и нападот на Севастопол со помош на беспилотни летала, кој бил извршен во неделата наутро.

Велика Британија ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги „лажни тврдења од епски размери“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.