Тројца млади мажи ноќеска се убиени во престрелка во 11-тиот округ на Марсеј, објавуваат француските медиуми.

Во нивното возило било пукано од калашников околу пет часот на 500 метри од ноќниот клуб „Мајами“.

Околу 5 часот и 10 минути автомобил со пет мажи застанал на „Булевар д ла Пом“, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Марсеј. Двајцата мажи излегле од возилото, а потоа едно или повеќе лица пукале во автомобилот.

Тие потоа се вратиле во возилото и откриле дека нивните пријатели се повредени, веднаш биле пренесени во болница, но во меѓувреме починале. По пукањето, напаѓачот или напаѓачите побегнале со својот автомобил, кој подоцна бил пронајден изгорен во Обања.

Жртвите се од градот Феликс Пијата. На местото на настанот излегол и началникот на полицијата на Буш ду Рон. Полицијата соопшти дека во Марсеј има сѐ повеќе жртви во судирите меѓу бандите поврзани со дрога, пренесе „Франс 24“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.