Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон.

Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.

Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.

Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне.

Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.