Во Киев се одржа протест пред Врховната рада со барање до украинскиот претседател Владимир Зеленски да спречи војна со Русија, пишува весникот Вести.уа.
Според организаторите на собирот, среде реториката на раководството на земјата за „можна руска агресија“, уплашените Украинци почнале да купуваат храна во продавниците, а постарите почнале да се жалат на лошо расположение.
– Ние не сакаме војна со рускиот народ! Рускиот народ не сака војна со нас! Зошто сето ова, господине претседателе?“, му порачаа демонстрантите на Зеленски.
Тие носеа и транспаренти со пораки упатени до Зеленски: „Престани да мрмориш“ и „Престани да се потсмеваш со луѓето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.