Додека се подготвуваше да ја удри топката на теренот за голф, играч кој беше со Доналд Трамп го претстави како „45-ти претседател на САД“, додека Трамп самоуверено одговори „45-тиот и 47-от претседател“ пред да замавне со палката.

Овој видео клип кој се појави на интернет е потсетување дека поранешниот претседател има намера да се кандидира за претседател во 2024 година, пренесува агенцијата АП.

Истрагите, кои се одвиваат во неколку судови, разгледуваат сè, од потенцијална измама и мешање во изборните резултати, до потенцијалната улога на Трамп во немирите на 6 јануари минатата година, кога беа убиени пет лица.

АП додава дека неговата популарност меѓу републиканците е намалена на 71 отсто, во споредба со 78 отсто во септември 2020 година, според анкетата на AP-NORC / USA Facts.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.