Британскиот принц Вилијам изјави дека сака да види „што е можно поскоро крај на борбите во Појасот Газа“. Вилијам зборуваше за „високата човечка цена на конфликтот на Блискиот Исток, откако Хамас изврши терористички напад“, објави Би-Би-Си.

Вилијам изјави дека има „итна потреба од зголемена хуманитарна помош за Газа“, како и ослободување на заложниците.

Тој најави дека ќе учествува на низа состаноци и посети за „запознавање со човечките страдања“ во конфликтите во Газа, Израел и Блискиот Исток.

Принцот Вилијам ќе се сретне со млади „борци против омразата и антисемитизмот“ од различни средини во сè уште неименувана синагога, како и со оние кои обезбедуваат хуманитарна поддршка на Блискиот Исток.

За време на посетите, Вилијам ќе ја истакне својата загриженост за порастот на антисемитизмот.

Како што јавуваат странските агенции, посетите на принцот ќе претставуваат симболична почит на жртвите од конфликтите на Блискиот Исток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.