Премиерот на индиската држава Пенџаб, Багвант Ман бил примен во болница со силни стомачни болки два дена откако испил чаша вода од загадената река Кали Беин, објавија индиските медиуми. Болничките извори тврдат дека тој сè уште е во болница за лекарски прегледи.

Ман, кој е поранешен комичар и сатиричар, бил префрлен со хеликоптер во болница во Њу Делхи, а владата ја чувала во тајност неговата хоспирализација.

Од кабинетот на премиерот не потврдија дека Ман е во болница, а еден функционер дури и изјавил дека е здрав и жив и дека има многу средби во четврток.

Изворите велат дека неговите здравствени проблеми се поврзани со пиењето вода од светата река.

Премиерот во неделата го посети градот Султанпур Лоди за да ја одбележи 22-годишнината од чистењето на Кали Беин.

По тој повод, владата објави видео од премиерот како пие чаша вода од реката, додека неговите колеги наздравуваат со него. Во соопштението од Владата се наведува дека засадил младо дрво на брегот и пиел вода од реката.

Инаку, често има локални дојави за загадување на таа река со канализација од околните села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.