Skip to main content

Премиера на „Лет во место“ од Горан Стефановски од тетовско драмско студио „Адоболс“

Драмскотo студио „Адоболс“ од Тетово синоќа премиерно ја изведе претставата „Лет во место“ според драмскиот текст на Горан Стефановски, а во режија на Владимир Јованоски.

Сцената во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово беше подготвена на повеќе нивоа, симболизирајќи пекол, чистилиште и рај.

Исклучително силен и талентиран актерски ансамбл го отслика македонското историско бреме но и жилавоста на нацијата. „Лет во место“ од исклучителниот Горан Стефановски е претстава – огледало на македонската историја која одекнува во сегашноста а може да се рефлектира и во иднината. Во играта нема пардон ниту замаглување на историјата. Публиката имаше прилика да види извонредна игра полна со емоции и животна филозофија, како и можност да се пронајде себе си и да си замине емотивно и истоирски побогата, изјави Владимир Јованоски.

Во понеделник 16 декември, исто така на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ќе биде изведена и репризата. Улогите ги толкуваат Тања Бучковска, Мартин Билбилоски, Бобан Милосавлески, Владимир Јованоски, Мелиса Ценоска Серафимовска, Зоран Јованоски, Марко Ристоски, Матеј Печеновиќ и Оливер Динговски.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort