Пра-пра-прадедото на Џо Бајден бил помилуван од 16-тиот американски претседател Абрахам Линколн во 1864 година. Вакво нешто објавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на архивски документи.

Според таквите документи, за време на американската граѓанска војна (1861-1865), предокот на Бајден, ветеринарот Џозеф Робинет, бил назначен во резервна артилериска единица на Северната армија. Тој се скарал со свој колега, кој бил избоден неколку пати.

Робинет бил прогласена за виновен и осуден на две години затвор. Сепак, тој не останал долго во затвор, затоа што бил помилуван од претседателот Линколн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.