Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди украинскиот оператор Енергоатом.

Како што се наведува во нивната реакција, руските војници „во текот на последниот ден неколку пати ја гранатирале“ локацијата каде што се наоѓа централата.

Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи – објави компанијата на Телеграм.

Се наведува и дека постои „висок ризик од пожар“.

Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар и е под контрола на руските сили.

Претходно, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.