Уставнот суд на Перу донесе одлука со која се ослободува поранешниот претседател, Алберто Фуџимори, десет години пред истекувањето на изречената казна.

Уставниот суд во јужноамериканската земја го прифати барањето за повлекување на одлуката за поништување на помилувањето на Фуџимори, со што помилувањето веднаш стапува на сила.

Осумдесет и тригодишниот Фуџимори отслужуваше 25-годишна затворска казна изречена поради сериозни прекршувања на човековите права за време на неговото владеење како претседател во периодот од 1990 до 2000 година.

Заменик-министерот за правда, Хуан Караско, изјави дека Владата ќе ја обжали одлуката пред Меѓуамериканскиот суд за човекови права, забележувајќи дека „помилување не доаѓа предвид“ кога се работи за сторени сериозни злосторства против човештвото.

Шефот на дипломатијата на Перу, Цезар Ланда, исто така на Твитер напиша дека „одлуката на Уставниот суд е неважечка“, затоа што е спротивна на претходните одлуки на истиот суд.

Обврска на државата е да ги казни одговорните за бројните случаи на злосторство и да бара правда за жртвите – портача Ланда.

Фуџимори беше осуден заради немилосрдни убиства на припадници на левичарските и наводно „субверзивните“ сили во земјата за време на неговото владеење, а укина и многу од овластувањата на парламентот.

Освен тоа, десетици илјади домородни жени беа насилно стерилизирани за да се намали нивната популација која тогашната власт ја сметаше за пречка на развојот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.